На поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска ѝ е роденден и наполни 57 години.
Роденденот го дочекува во затворот Идризово, каде ја издржува казната од седум години за случајот „Рекет“, поради злоупотреба на службената положба и овластување, пишува Фокус.
Поради тоа што веќе одлежала една третина од затворската казна, на 31-ви декември лани таа беше пуштена во родната Гевгелија, да ги дочека празниците со семејството, а потоа на втори јануари повторно беше вратена во затворот.
Токму во тој период, додека беше во семејната куќа во Гевгелија, Јанева по подолг период се огласи на социјалните мрежи, со мудра мисла – Денес слушнав една прекрасна реченица. Ја прашале една жена, зошто сте вие толку среќна? А таа им одговорила, затоа што така одлучив!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.