Кардиологот Сашко Кедев е единствениот Македонец кој искачил пет врвови со височина над осум илјади метри. Во интервју за „Канал 5“, кардиологот вели дека за него ова е голем предизвик, живот надвор од зоната на комфорот, а можност да го најдете својот пат во животот и да стигнете до целта.

По повод светскиот ден на планината вели дека секој може и треба да планинари не мора да значи дека секој мора да го искачи Еверест. Доволно е да се искачува и Водно и другите планини зошто така ја гледаме големината на природата како да живееме со околу нас. Кардиолошки и здравствено топло препорачува планина за секого.

Кедев нема најава за нови искачувања тој вели: кога ќе решите продолжувате по својот пат. Тој вели дека го нашол неговиот пат и среќен. За големата авантура ќе зборува во вторник во 19 часот во Македонската филхармонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.