70-годишен рибар отишол на риболов пред речиси шест месеци, со својот чамец, во дивината на најисточниот руски регион Чукотка, а бил пронајден изнемоштен откако поминал половина година во арктичката тундра, каде температурите паѓаат до минус 39 степени.

Исцрпениот 70-годишен пензионер преживеал јадејќи кора од дрвја и резерви од риба во последните неколку недели пред да се спои со своето семејство.

И покрај тоа што се хранел со риби и кора од дрвја и палел оган за да се загрее, пензионерот бил „три или четири дена“ од смртта, се вели во извештаите.

Според мештаните, 70-годишниот маж имал моторна санка и со неа планирал да се врати во Уст-Белаја.

– Тргна на моторна санка и остана без бензин – изјави едно лице во полиција. Рибарот потоа се откажал да се врати пешки бидејќи се плашел дека ќе замрзне по пат. Имено, неговата сопруга веднаш не се јавила во полиција бидејќи нејзиниот сопруг веќе заминал на долг риболов, но се загрижила кога тој не се вратил за Божиќ. Полицијата потоа започна итна потрага и објави видео на кое се гледа моментот кога го пронашле на речиси 100 милји од неговиот дом.

Човекот изгледаше како да не можеше да одговори на ниту едно прашање, но кога спасителот праша дали се е во ред, рибарот кимна со главата потврдно

Кога конечно се вратил дома, испил шолја чај и му рекол на спасувачот дека нема да издржи уште три или четири дена.

– Ти благодарам многу што го спаси мојот сопруг, што брзо реагираше… Ти благодарам многу. Господ да ви даде здравје – рекла сопругата на рибарот.

Генерал-мајор Ирина Волк од руското Министерство за внатрешни работи рече:

– Моите колеги од полицијата од Чукотка спасија човек кој не се вратил дома повеќе од пет месеци и не се јавил. Алармот го вклучила неговата сопруга, која го контактирала началникот на локалната полиција Едуард Бадаев во Уст-Белаја. Многумина се прашуваа дали е доцна. Испадна дека не е – изјави Ирина Волк.

Спасениот пензионер, голем љубител на природата и страстен рибар изјави дека наскоро повторно ќе оди на риболов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.