Компанијата „Давиде Кампари Милано“, која делува во рамки на компанијата „Кампари груп“ влезе во преговори со компанијата „Бим Сунтори“ за купување на сопственоста на познатиот коњак Курвоазје.

Договорот вреден 1.32 милијарди долари, ако се оствари, ќе биде најголема зделка во историјата на италијанскиот производител на пијалоци.

Донесувањето на Курвоазје коњакот во нашето портфолио на глобални приоритети е ретка и единствена прилика да го прошириме портфолиото со жестоки пијалоци и понудата на коњаци“, вели извршниот директор на „Кампари“, Боб Кунзе Кончевич.

Основан во 1828 година од Феликс Курвоазије, во Јарнак во областа Шарант во Франција, добил титула за снабдување на Царската куќа од Наполеон Трети. Тоа било омилен пијалок во времето на Бел Епок, период на уметнички и културен напредок на Франција.

Познатиот коњак лани имал приходи од 249 милиони евра. Од тој проход 60 отсто дошле од САД, а другите од Британија и Кина, пренесува „Бонитет“.

Новиот договор ќе придонесе за напредок во САД, но има и потенцијал во азиско-пацифичкиот регион. Се очекува дека договорот ќе биде завршен до крајот на 2024 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.