Последните информации за Кејт Мидлтон ја загрижија јавноста.

Светот остана во шок откако принцезата од Велс, Кејт Мидлтон објави дека боледува од рак.

По големите теории на заговор кои продолжуваат да се појавуваат, пристигнаа некои нови информации за тоа кога принцезата би се појавила во јавноста.

Извори блиски до Палaтата за The Daily Beast изјавија дека Кејт нема да се појави до крајот на годината.

Голем број вработени треба да го знаат точниот распоред на настаните неколку месеци однапред. Ми кажаа дека календарот на Кејт е целосно празен до крајот на годината. Воопшто ништо не е планирано. Според сите индикации, не ја очекувајте да има јавни настапи оваа година, рече изворот.

Во исто време, некои пријатели блиски на принцот и принцезата изјавија дека сега најважно им е нејзиното физичко и психичко здравје, па целото семејство ќе го помине времето во Сандрингам штом ќе завршат училишните обврски на децата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.