Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 мај. Денеска се празнува Спомен од појавувањето на чесниот крст во Ерусалим.

Денеска се празнува споменот за појавата на чесниот крст во девет часот наутро над Голгота. Чесниот крст се појави на небото и се простираше се до Маслиновата гора, во времето на партијархот Кирил и во времето на царот Констанс кој беше наклонет кон аријанската ерес.

Со ова чудесно појавување на крстот кое се случи на денешен датум во 357 година, се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања, туку во силата божја покажана преку чудата и неброените знаци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.