Младиот Никола Ѓорѓиев извојува победа над ракот со помош на хуманата помош на македонските граѓани.
На 20-годишното момче од село Црешево, кое нема родители и живее со своите баба и дедо, му беше дијагностицирана малигна неоплазма, миелоидна лоза, редок вид на канцер на коските. Минатата година за негово лекување се собираа средства преку апел за помош.
Сега, Никола направи втора контрола во Турција, која покажа дека во неговото тело нема повеќе метастази.
Убавата вест, придружеба со фотографии ја објавија Жаклина Пешевска и Бобан Стефковски, градоначалникот на Општина Гази Баба.
Младиот Никола ја победи болеста. Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази. Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото. Ова е победа на сите хумани луѓе! Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа“, напиша Стефковски.
Никола погледна кон ѕвездите и таму виде надеж, го препознаа својот универзум кој е исполнет со планети и ѕвезди, кои зрачат со љубов и топлина доволни да дадат смисла и суштина, порача Пешевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.