Принцот Вилијам, поранешен армиски офицер, го посети „Солсбери Плејн“ во јужна Англија и имаше тренинг сесија со велшката гарда. За таа прилика, Вилијам облече воена униформа.

Војниците му го покажале оружјето. За време на обуката тој управувал со дрон и пукал од снајпер и автомат. Инаку, Вилијам е полковник и таа функција ја извршува од 2022 година.

Фотографиите ги воодушевија обожавателките

Оваа посета на принцот Вилијам беше фатена од фотографите.

Фотографиите го привлекоа вниманието на обожавателите на кралското семејство, кои коментираат дека Вилијам изгледа одлично во војничка униформа и со нов имиџ, брада и мустаќи.

Јас не сум од оние луѓе кои мислат дека принцот Вилијам е убав маж, но ова е добра слика“, „Дами и господа, принцот Вилијам“, „Колку е симпатичен“, се некои од коментарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.