Амбасадорот на Јапонија Казуја Оцука ја отвори изложбата со јапонски дела во Музеј на Неготино.
Стојанче Атанасов, кустос, се осврна на патувачката изложба „UKIYOE Јапонскиот лебдечки свет”- Јапонска графика на дрворези со принтови од цртежи на најпознатите јапонски мајстори на дрворези од 17 и 18 век.
Во рамките на изложбата, љубителите на културата и уметноста ќе имаат можност да видат поразлични уметнички дела од оние кои досега биле презентирани во изложбениот салон на Музејот на град Неготино. Се работи за дела што го доловуваат моментот на една поразлична култура во однос на географски, временски и етнички разлики, рече Атанасов.
Говорејќи на македонски јазик, амбасадорот изрази задоволство од посетата и пријателската соработка уште од многу одамна. Тој се осврна на поддршката што тие ја имаат дадено за обнова на здравствени и образовни институции. Притоа изрази надеж за нови заеднички проекти. Амбасадорот ја отвори изложбата со перформанс, изведувајќи јапонска и македонска песна на класична гитара. Ја отсвири ,,Елено моме”.
Пред присутните се обратија и неготинскиот градоначалник Горан Стојанов и Јасминка Намичева како кустос советник и куратор на изложбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.