Јапонија направи детално мапирање на својата територија и откри дека има 7.000 острови повеќе од претходно познатите.
Дигиталното мапирање спроведено од Јапонската геодетска управа неодамна откри дека има 14.125 острови на јапонска територија, што е повеќе од двојно повеќе од бројот (6.852) во официјална употреба од извештајот на Јапонската крајбрежна стража од 1987 година.
Сепак, како што нагласуваат од Управата, новата бројка сведочи за напредокот на технологијата за геодетско истражување и подетално креирање на карти кои се користат за броење – но вкупната површина на територијата што и припаѓа на Јапонија не е променета. Било потенцирано дека иако не постои меѓународен договор за тоа што се смета за остров, се користел истиот критериум за големина како и во претходната анкета пред 35 години.
Тоа значело броење на сите природни копнени површини со обем од најмалку 100 метри.
Островите околу Јапонија се предмет на неколку територијални спорови кои оваа земја ги има со соседите.
Проблемот со јужните Курилски Острови, кои Јапонија ги нарекува Северни територии, е спор кој трае од Втората светска војна кога оваа територија беше окупирана од советските трупи, а денес тие се дел од територијата на Русија.
Јапонија, исто така, вели дека има историски права на ненаселените острови Сенкаку во Источното Кинеско Море, со кои таа моментално управува, но Кина постојано го оспорува тоа тврдење.
Покрај тоа, Јапонија и Јужна Кореја се расправаат повеќе од 70 години за суверенитетот на групата острови наречени Докдо во Сеул и Такешима во Токио во Јапонското Море, што е источно море за Корејците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.