Сопругот на младата актерка Марија Стеваниќ, која ненадејно почина пред неколку дена, се прости од неа и расплака многумина.

Бранислав, со кого Марија има син, скршен од болката од трагичната загуба на сопругата, на својот Фејсбук профил објави потресни зборови заедно со заеднички фотографии.

Извини љубов моја, овој пат не успеав да стигнам на време. Не си родена за овој свет. Тој не те заслужи, напиша тој покрај заедничките фотографии.

Сопругот ѝ посвети и видео составено од нивните фотографии и напиша:

Те сакав како никој досега и ќе те сакам засекогаш! Марија, мако моја, напиша тој.

На погребот на оваа млада актерка присуствуваа голем број луѓе од Параќин, а некои се простија од неа со потресни зборови:

Почина нашата актерка, уметник, сликар, мајстор за тетоважи, танчерка, мајка на две прекрасни деца, Марија Стеваниќ, се простија сите на социјалните мрежи кои имаат само пофални зборови за оваа девојка.

Марија беше погребана во понеделникот на градските гробишта во Параќин во присуство на голем број луѓе, семејството и пријателите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.