Полицијата од Приједор трага по лице кое на Фејсбук се претставило како видовита Стефана и измамило приједорчанец во Република Српска за повеќе од 30.000 конвертибилни марки или 15.000 евра, објави порталот Зворнички.

Измамениот се јавил во полиција и рекол дека неколку пати преку девизна сметка и плаќал пари на Видовита Стефана.

Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не даваат пари на непознати лица, да не станат плен на лажни ветувања за помош или услуги за отстранување на црната магија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.