Институтот Ромалитико по повод 8 aприл – Меѓународниот ден на Ромите официјално ја постави изложбата “Кои сме ние?” во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје. Изложбата е поставена од први до 14 април 2024. Денеска, на 8 април со почеток од 12 часот ќе се одржи настан за одбележување на денот придружен со музички перформанс и презентација на фактите.
Изложбата претставува можност за граѓаните да бидат дел и да учестуваат на еден интересен час по ромска историја, јазик и култура. На изложбата ќе дознаете кои познати светски личности имаат ромско потекло, ќе научите по некој збор од мини речникот на ромски јазик и факти од историјата и културата на Ромите.
Изложбата претставува јавен историско-културолошки час за посетителите. Оваа изложба се оддржува по втор пат во скопски мол, овојпат во City Mall. Идејата е да ја доближиме нашата историја до нашите сограѓании и да го одбележиме светскиот ден на Ромите во меинстрим амбиент.
Изложбата е достапна на два јазика: македонски и англиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.