Италијанците за Божиќ потрошиле 22,8 милијарди евра, што е за речиси 15 отсто (околу три милијарди евра) повеќе од лани, соопшти денеска здружението за заштита на потрошувачите „Кодаонс“.

Просечната потрошувачка на домаќинствата била 884 евра, додека лани била 770 евра, пренесува АНСА.

Трошоците поврзани со купување подароци се зголемени за речиси 20 отсто – на осум милијарди евра, а Италијанците потрошиле 11,5 милијарди евра на патување – 14 отсто повеќе отколку во 2022 година.

На зголемувањето на трошењето за време на Божиќ оваа година повеќе влијаеле повисоките цени во многу сектори, отколку тенденцијата за трошење или зголемувањето на приходите“, се вели во истражувањето на здружението „Кодаконс“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.