Новата „сопруга“ на Канје Вест била пријавена во полиција поради модниот стил кој го покажува на улиците во Италија, пишува Дејли Мејл. Овој месец австралиската архитектка Бјанка Ценсори (28) привлече внимание и негативни коментари бидејќи низ Италија прошета во оскудна облека.

Бјанка беше без градник во тесен проѕирен костим, а голите брадавици на моменти ги покриваше со црна чанта што ја носеше преку телото. Многубројните коментари на интернет велат дека локалните власти треба да ја казнат за аутфитите во кои прошетала низ Италија.

„Изненадувачки е што не е уапсена. Италија е многу поконзервативна, и со право во овој случај“, „Се надевам дека Италија ќе ги избрка од земјата“, „Ние сме католичка земја, ова е непочитување“, се само дел од коментарите.

Foto: Profimedia

Foto: Profimedia

Според официјалната италијанска туристичка страница CIU Travel, локалните жители сметаат дека е навредливо да гледаат посетители како шетаат по улиците во различни земји оскудно облечени. Бјанка неколку пати прошета по улиците на Италија со голи гради кои јасно се гледаа под проѕирната мрежеста облека.

Да потсетиме дека на почетокот на годината се шпекулираше дека Кање се омажила за Бјанка Ценсори, два месеци откако беше финализиран неговиот развод со Ким Кардашијан. Тие се видени заедно во јавност со бурми на рацете, а според изворите, венчавката се одржала во тајност.

Сепак, странските медиуми пишуваат дека младенците никогаш не поднеле барање за дозвола за брак, иако Бјанка еднаш изјавила дека е мажена. Инаку, парот живее заедно во двособен пентхаус во Западен Холивуд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.