Анџело Марино, поранешен функционер во италијанската покраина Сиена, лани на 86-годишна возраст успеал да се стекне со уште една универзитетска диплома и на тој начин да го исполни својот животен сон.
Имено, тој го одбранил дипломскиот труд на тема „Мојата земја во периодот од 1937 до 1950 година“ и доби диплома за професот по литература. Универзитетот на Сиена објави дека нивниот највозрасен дипломец покажал многу емоции на своето дипломирање, а и присутните од неговото семејство биле видно трогнати.
Марино, инаку, својата прва диплома – по Кривично право, ја стекнал во 1962 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.