Крег Хамилтон-Паркер, јасновидец кој е многу почитуван затоа што успешно го предвидел исходот од Брегзит, Доналд Трамп во улогата на претседател на САД и смртта на кралицата Елизабета Втора, објави што велат неговите визии кога е во прашање 2024 година. Тој предвидува смртта на папата Франциско и Владимир Путин.

Интересно е што смртта на папата Франциско во 2024 година наводно ја објавил познатиот француски пророк Нострадамус, додека Баба Ванѓа, пак, предвидела дека и Владимир Путин наскоро ќе го напушти овој свет.

„Чувствувам дека папата ќе умре во 2024 година. Во визија видов бел чад како се издига над Ватикан и дека смртта ќе го стигне околу ноември. Исто така чувствувам дека смртта на Путин е неизбежна“, рече Хамилтон-Паркер, чии зборови се објавени од страна на порталот Метро.

Британскиот јасновидец понатаму нагласи дека војната во Украина ќе трае, но предвиде и дека несреќниот народ на Газа ќе го преплави Египет бидејќи Газа ќе стане практично непогодна за живеење.

Сепак, тој рече дека смртта на Путин може да ја доведе војната во Украина до крај, но исто така посочи дека неговите визии велат дека војната може да се прошири и во Либан.

„Исто така, гледам дека војната ќе се прошири во Либан со учество на Соединетите Американски Држави и дека ќе има сеопфатна војна меѓу Израел и исламскиот свет. Покрај тоа, се плашам дека Израел и Америка ќе го нападнат иранскиот нуклеарни постројки“, рече тој.

Што се однесува до другите светски политички настани, тој најави дека британскиот премиер Риши Сунак ќе биде сменет од власт и истакна дека изборите во САД ќе бидат драматични до последен момент и дека на крајот Доналд Трамп повторно ќе слави.

“Можам да ви кажам и дека позната личност ќе умре во пожар, но не сум сигурен кој точно. Но, тоа ќе биде жена. Визиите исто така ми открија дека Тејлор Свифт ќе забремени”, нагласи Хамилтон-Паркер и на крај оставив нешто убаво:

„Ќе има напредок во медицината, особено во истражувањето на ракот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.