Во рамките на програмата од третиот ден на годинашната „Велешка питијада 2022“, попладнево во 16 часот ќе биде сечена и продавана џиновската велешка пита пастрмалија што специјално за оваа пригода ќе ја подготват искусните велешки пекари Орце и Александар.
На последната, трета вечер од „Велешка питијада 2022“, од 18 часот ќе настапат 5 + бенд, Сузана Спасовска, Академци, Љубојна, Brass Fantasy и Лозано.
Вчера настапија детската група од Дајте музика, а вечерта Наум Петрески и Зуица Лазова, Фолтин и Каролина Гочева. Концертите ги проследи повеќеилјадна публика од Велес и од други градови кои дојдоа да пробаат велешка пастрмалија и вино и да уживаат во прекрасниот амбиент и гостољубивоста на велешките угостители.
Покрај штандовите на отворено, бројните гости деновиве ги посетуваат и рестораните и кафаните во градот каде овој викенд најмногу се бара и служи уникатната и единствена по својот вкус и надалеку прочуена велешка пастрмалија. За разлика од другите вакви пити, велешката покрај свинско месо се збогатува и со овча пастрма.
Општина Велес како организатор на манифестацијата ги повика сите добронамерници да дојдат во Велес и да уживаат во вкусниот велешки специјалитет и прекрасната атмасфера во овој прекрасен сончев октомвриски ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.