При ископувања кај замок во Шпанија, археолозите наишле на редок наод – жена погребана покрај повеќе од 20 средновековни монаси. Како и мажите, и таа веројатно била жена-воин која загинала во битка, претпоставуваат научниците.
Се работи за тврдината „Зорита де лос Канес“ во градот Гвадалахара. Гробниците датираат од времето меѓу 12. и 15 век – период на сложени верско-политички судири меѓу христијанските и исламските групи на Пиринејскиот Полуостров. Според написот објавен на 14 мај во списанието „Сајентифик репортс“ (Scientific Reports), многу од скелетите имаат рани кои укажуваат на повреди и насилна смрт, најверојатно добиени во борба. Овие монаси-воини му припаѓале на Редот на Калатрава, основан 1158 година.
Врз основа на анализата на посмртните останки на жената, се чини, таа починала во борба, како и монасите, бидејќи нејзините коски не покажуваат знаци на заздравување околу повредите.
Треба да ја замислиме како воинка од околу 40 години, малку помалку од метар и 80 цм висока, ниту полничка, ни слаба, а вешта со меч, вели Карме Рисех, истражувачка од Одделот за основна медицина при Државниот универзитет во Тарагона и една од истражувачите на овој наод.
Полот на жената-воин и сличните наоди се утврдува со проучување на карлицата и черепот – два од најчестите и најсигурни делови од телото за одредување на биолошкиот пол.
Со проучување на коските од сите скелети во „Зорита де лос Канес“, научниците утврдиле и дека исхраната на монасите била богата со живина и морски риби, претпочитани и прифатени од иберските општествени елити. Честото консумирање риба „посочува дека монасите се придржувале на верските ограничувања на месото“, се наведува во извештајот.
Во споредба со мажите, жените јаделе многу помалку протеини – ова укажува на тоа дека воинката меѓу нив најверојатно потекнувала од пониска општествена класа во однос на монасите, пишуваат научниците.
Претпоставките говорат дека жената била слугинка во ова средновековно здание, па зела оружје в раце за да се заштити и себеси си и замокот во битката, но загинала. Нејзините коски, сепак, не укажуваат на трошење типично за работата на слугинка.
Рисех верува дека овие останки, сепак, ѝ припаѓаат на жена-воин.
Сепак, потребна е дополнителна анализа за да се утврди дали оваа жена навистина била воинка и, евентуално – до кој степен?, вели докторката.
Витешкиот Ред на Калатрава, слично на Темпларите и другите воено-благороднички елитни друштва ширум Европа, имал задача да ја заштити својата област, во случајов Калатрава ла Виеха – град долж спорната граница меѓу христијанските и муслиманските земји во тоа време. Во 13. век, околното благородништво почнало да го снабдува Редот со пари и луѓе. На пример, многу од активните витези и наредници од повисок ранг, биле регрутирани од пониското благородништво и од граѓаните, се вели во написот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.