Триесет и едногодишната Хедер Мекферсон има осум деца и поради тоа, објаснува таа, често наидува на многу предрасуди од луѓе кои не ја знаат целата приказна.

Имено, Хедер и нејзиниот партнер Џастин се запознале кога веќе биле родители, пренесува британски „The Sun“.

Оваа млада мајка веќе имаше три ќерки од претходната врска, додека Џастин е и татко на три деца. Откако парот започна врска, за кратко време нивната љубов процвета, а добија уште две деца – девојче и момче.

„Повеќето луѓе не ја знаат нашата целосна приказна, особено луѓето на социјалните мрежи, па постојано ме осудуваат поради големиот број деца. Тврдат дека земјата е веќе пренаселена без мене. Но, всушност, вистината е целосно различна“, вели младата мајка, која планира да има уште деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heather McPherson (@forevaheathaa)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.