Православните верници денеска слават празник посветен на славата на светиот крал Стефан Дечански, но на овој ден паѓа и уште еден празник и славата на некои домаќини Свети Мина.

Свети Мина по професија бил војник, со египетско потекло. Како вистински христијанин ја напуштил војската и отишол во планините. По извесно време свети Мина се спуштил во градот – Катунија и пред насобраниот народ ја објави својата вера во Христа.

Кнезот на тој град, Пирос го запраша свети Мина кој е тој и што е. Светителот му одговори: „Татковина ми е Египет, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“.

Кога го слушна ова, Пирос го подложи свети Мина на големи маки. Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, и најпосле го убија со меч.

Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква. Свети Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство.

Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото. На секој што го слави свети Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помага. Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.