Шведскиот ланец на продавници за мебел ИКЕА преку соопштение предупреди дека нивниот производ – лонче за еспресо METALLISK од 0,4 литри со сигурносен вентил од нерѓосувачки челик, со ознака за датум помеѓу 2040 и 2204 година, може да пукне при употреба и поради тоа се повлекува од продажба.
Компанијата апелира до сите клиенти кои го купиле овој апарат да престанат да го користат и да ги контактираат за целосно враќање на парите.
METALLISK лонче за еспресо со сигурносен вентил изработен од нерѓосувачки челик, може да се врати во која било стоковна куќа ИКЕА. Доказ за купување, односно фактура, не е потребен, стои во соопштението.
ИКЕА се извини за, како што наведоа, непријатностите што може да ги предизвика ова повлекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.