Една Швајцарка е тешко повредена откако излегла од автомобилот со вклучен мотор, а потоа тој три пати ја прегазил, соопшти полицијата во петокот.
45-годишната жена излегла од својот автомобил во станбена зона во Сент Гален во североисточна Швајцарија, можеби за да извади нешто од багажникот, соопшти регионалната полиција, пренесува швајцарската новинска агенција АТС.
Но, тогаш автомобилот кој бил на блага падина почнал да се движи наназад. Жената залудно се обидувала да го запре возилото, пред да падне на земја и првпат да биде прегазена.
Автомобилот потоа удрил во друго возило и се рикошетирал од него и се вратил, прегазувајќи ја жената по втор пат, соопшти полицијата.
Откако удрил во тротоарот, автомобилот повторно се упатил кон несреќната жена и трет пат ја прегазил, за на крајот да удри во дрвена преграда и да застане.
Жената е пренесена во болница во тешка состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.