Вирално видео од неуспешно барање раката на девојката кај базиликата Сакр-кер во Париз се шири на социјалните мрежи. Имено, еден дечко решил да ја ја побара за жена својата девојка во најромантичниот град пред куп луѓе.

Тој клекна пред сите и ја побара за жена, а таа на изненадување на присутните почна да трча по скалите целата во солзи.

Кога побегна од него, момчето клекна и заплака, а луѓето почнаа да го гушкаат и тешат.

Видеото собра повеќе од 16 милиони прегледи и 1,1 милион „допаѓања“, а во коментарите се огласија скептиците, кои се сомневаат дека видеото е исценирано со цел да се соберат прегледи.

@barstoolsports Ain’t no way 💀 @bussinwtb ♬ original sound – Barstool Sports



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.