Поради екстремно топлата зима, природата во Хрватска почна да се буди од почетокот на јануари, а со неа се разбудија и хрватските пчели, јави хрватската национална телевизија HRT.
Пролетните температури среде зима ги доведоа во заблуда пчелите во Хрватска, кои предвреме почнаа да ги напуштаат кошниците. Лешниците цветаат, пчелите веќе го собираат поленот, а матиците почнаа да снесуваат јајца. Но, тие би биле во опасност доколку дојде до долготрајна студена зима.
Кога ќе залади и ако трае студот, пчелите се собираат околу леглото. Потоа, ако студот продолжи, пчелите можат да се оддалечат од храната, доволно е да се оддалечат два сантиметра за да умрат од глад, иако гледаме дека има доволно храна, објаснува пчеларот Златко Миловац.
Ако во март многу залади, главното пасиште на пчелите – багремот – ќе биде уништено. Ова се случи и пред две години, кога студот уништи и плодови на многу овошни дрвја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.