Судијата Роберт Банинг го осуди Џозеф Цилер за убиство и силување на 11-годишната Робин Корнел и на нејзината дадилка Лиза Стори (32) во Кејп Корал во 1990 година. Цилер доби по две смртни казни за секоја од жртвите по што настана хаос во судницата, објави „Fox4now“.
Пред изрекувањето на пресудата Цилер се врати на суд со надеж дека ќе биде прифатено неговото барање за ново судење. Судијата го одби барањето.
Потоа тој со лакот го удри адвокатот во лицето. Веднаш по инцидентот чуварите го соборија.
Изгледаше дека не сакаше микрофоните да го снимаат нашиот разговор поради што мавташе со лакотот, а јас се наведнав и го примив ударот. Чуварите веднаш реагираа и ја елиминираа заканата“, изјави адвокатот.
Семејствата на жртвите рекоа дека нивните животи не биле исти откако се случиле страшните убиства.
Џен Корнел, мајката на Робин, вели дека мора да се бори за правда за својата ќерка и за пријателката многу години по грозоморното злосторство. Имено, напредокот во науката за ДНК доведе до идентификација на убиецот 26 години по убиствата и силувањата.
Не бев таму таа вечер за да ги спасам или барем да им помогнам да избегаат. Требаше да бидам нивниот глас на ова судење и не сакав да ги изневерам“, вели Корнел.
Во понеделникот, 33 години подоцна, по долгогодишна болка, страдање и составување делови од приказната за да се открие што се случило тоа утро во 90-тите, човекот одговорен за двојното убиство, конечно, беше казнет.
Судот заклучи дека според законите на државата Флорида, обвинетиот го загубил правото на живот“, изјави судијата Роберт Бранинг при објавувањето на пресудата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.