Гурмански викенд ќе се реализира в сабота и недела во Винскиот музеј Кавадарци, во организација на оваа културна установа, а во рамките на „Кавадаречко културно лето“, информира директорката на музејот, Весела Честоева.
Двата дена од викендот, со почеток од 18 до 21 часот, во прекрасниот амбиент на дворот на Музејот, посетителите ќе имаат можност да дегустираат храна и пијалаци од тиквешкото поднебје. Музејот е сместен во градскиот парк во Кавадарци, кој важи за еден од најубавите во државата, па затоа најавуваме неповторливо гурманско доживување, вели Честоева.
Таа нагласува дека постојано се зголемува бројот на посетители во музејот, што, како што потенцира, полека си го зазема своето место на туристичката мапа, како презентер на културата и традицијата во најголемиот лозаровинарски регион во државата.
Настанот ќе биде збогатен со музичка програма. Во сабота со Акустико бенд, а в недела со Ди Џеј Були.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.