Продажбата на аудиокасети во САД речиси се удвоила – од 173.000 во 2020 година, на 343.000 набавени примероци во 2021 година, објави порталот „Луминејт“ (Luminate).
Нагорниот тренд на продажба на аудиокасети продолжува и досега во 2022 година, кога продажбите стигнале до вкупно 215.000 касети, што сигнализира веројатен натамошен раст.
Меѓу уметниците кои неодамна продаваа музика на аудиокасети се Били Ајлиш, Викенд и Ози Озборн – вели учесничка во истражувањето, Паулина Пчелин.
А, „големата слика“ вели и дека носталгијата веќе поттикна пораст и на продажбата на винил-плочи, што ги прави попопуларни од ЦД-та.
Уште повеќе, доста аудиофили ќе кажат дека винилот обезбедува најдобар квалитет на звукот, потоа ЦД-ата, а касетите се „далечно трети“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.