Јелена Карлеуша се потсети на нејзината романса со жестокото момче Зоран Давидовиќ Чанда. Тој беше ликвидиран на 23 март 2000 година, а Јелена откри што се случило по неговото убиство.
– За жал, доживеав да го видам на парчиња, но и во тие парчиња тоа беше тој за мене. Имав само 21 година. Видов каде му е устата и го бакнав во она што му остана од лицето, затоа што го сакав најмногу на светот. Никогаш нема да ја заборавам таа глетка. Мене никој никогаш не ме сакал како него, а тоа, инаку, е и причината за мојата голема нетрпеливост кон Светлана Ражнатовиќ – изјави Јелена во подкастот на Лазаров.
Раскажа и што се случувало кобниот ден
Беше 23 март 2000 година. Со него беше неговиот најдобар пријател, пица мајстор . Се знае и кој го убл. Сведоците соработници рекоа дека истиот убиец кој го застрела премиерот Ѓинѓиќ. Се вика Звездан Јовановиќ. Подоцна од полициските информации дознав дека екипата што го бркала, Земунскиот клан, од некоја чудна причина чекала да не бидам во автомобилот. Го застрелаа Зоран со два калашникови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.