Годинешното 75. доделување на „Еми“ наградите за најдобри телевизиски остварувања ќе биде одложено поради штрајкот на сценаристите и глумците во Холивуд, пренесоа американските медиуми.
Свеченоста првично закажана за 18 септември, се очекува да биде преместена за јануари. Според наводите, сите вклучени во доделувањето на наградите се известени за одложувањето, а наскоро се очекува и официјално соопштение.
Не е конечно одреден нов датум за доделувањето на наградите.
Холивудските глумци и сценаристи сѐ уште штрајкуваат. Ова е прв ваков штрајк во американската филмска историја по 63 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.