Општина Битола во соработка со јавните претпријатија, приватни фирми, месните и урбаните заедници, воспитно образовни институции и граѓаните, ќе спроведе акција „Генералка викенд“.

Работните активности за почиста животна средина ќе почнат утре од 8 часот, а ќе се одвиваат на обиколница на регионален пат Битола – Охрид, АРМ простор на поранешната касарна, просторот околу хотел „Битола“, улици „Тошо Даскалот“ и „Партизанска“, на Тумбе Кафе кај авионите и местото наречено „Кајнак“.

На посочените локации може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, а своето учество со чистење на површините околу училиштата веќе го најавија 8 основни училишта и средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“, со што во акцијата учество ќе земат над 1.500 ученици. Културно уметничкото друштво „Илинден“, за време на „Генералка викенд“, заедно со жителите од урбаната заедница, ќе спроведе активности за чистење на УЗ „Даме Груев“, а во акцијата ќе се вклучи и месното население од урбаните заедници „Панде Кајзерот“, „Васко Карангелевски“, „Ѓорги Наумов“ и „Благојче Силјанов-Џуџето“, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.