Вчерашното финале на Светското првенство во рагби се најде во центарот на вниманието, а самиот настан привлече огромно внимание на сите светски медиуми и љубители на овој спорт.
На стадионот „Стад де Франс“ се сретнаа Нов Зеланд и Јужна Африка, а на трибините е виден Новак Ѓоковиќ и тоа во друштво на албанската пејачка, Рита Оро.
По тој повод „Спорт Експрес“ удри и со дрва и со камења по пејачката, поради тоа што седела до најдобриот тенисер на светот.
Текстот под наслов „Срамно!Продавајќи лажен патриотизам на концертите, Рита Оро оди на финале заедно со Новак Ѓоковиќ“, привлече големо внимание, а во текстот меѓу другото стои дека двоглавиот орел кој Оро често го „лета“ изгледа е само симбол за продажба и дека таа глуми лажен патриотизам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.