Словенечката полиција соопшти дека на подрачјето на планината Триглав на Јулиските Алпи пронашла тела на двајца мажи кои се државјани на Србија. Нивните тела се пронајдени при претрес на теренот со полициски хеликоптери, по исчезнувањето на планинарите во саботата, пишува словенечки Дело.
Како што јави словенечката агенција СТА, станува збор за 33-годишен и 42-годишен маж кои во саботата наутро тргнале на планинарење, но паднале на надморска височина од 1.600 метри и починале на лице место.
Според словенечко „Делo“, во спасувачката акција учествувала и Планинарската спасувачка служба на Словенија.
Потрагата по двајцата планинари започна во саботата, но траеше многу време бидејќи екипите мораа да пребаруваат голема површина, бидејќи не знаеја каде отишле планинарите.
Словенечката полиција наведува дека ја продолжува истрагата како дошло до несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.