Дека се уште постојат чесни луѓе, покажува еден убав пример во Ужице. Гојко пронашол одредена количина на пари на Царинскиот мост во Ужице и веднаш се дал во потрага за сопственикот, за да му ги врати парите.

Не сакам да ме бие малер поради некакви ситни пари или некој да плаче поради пари кои можеби ги одвоил за лекови- рекол Гојко за ужчката Огласна табла, која ја објави потрагата по сопственикот.

После краток период се јавил чесниот наоѓач Гојко Скакавац, работник на ужичката „Нискоградба“ да информира дека се јавил сопственикот кој изгубил преку 150 евра и дека од срце му ги вратил.

Како и за секој убав гест, не изостанаа зборови на благодарност за чесниот наоѓач: Иако сме на самата ивица на човештвото, ова е доказ дека треба да имаме надеж во опстанокот како луѓе!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.