Една неодамнешна студија, спроведена од научен тим од универзитетот „Пен Стејт“, САД, откри дека дождовните шуми, кои се сметаат за бели дробови на светот, испуштаат повеќе јаглерод диоксид отколку што апсорбираат во услови на високи температури и недостиг од влага.
Токму ова истражување го поткопа поимот за дрвјата како главни актери во борбата против климатските промени и поттикна посериозно размислување за иднината на нашата планета. Важно е да се напомене дека намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид е клучно за ублажување на климатските промени, бидејќи токму стакленичкиот гас е тој што најмногу придонесува за глобалното затоплување.
Истражувањето исто така покажа дека дрвјата во региони со повисоки температури и недостиг од вода всушност учествуваат во забрзаната фотореспирација, процес што се случува во растителните клетки за време на фотосинтезата, особено во услови на висока температура. Фотореспирацијата вклучува навлегување на кислородот и ослободување јаглерод диоксид од растението, за разлика од примарниот процес на фотосинтеза, кој го апсорбира јаглерод диоксидот и ослободува кислород.
Растенијата и климата се тесно поврзани. Намалувањето на јаглеродниот диоксид од нашата атмосфера најмногу е под влијание на организмите што вршат фотосинтеза. Ова истражување покажува дека малите промени можат да имаат големо влијание – вели Макс Лојд, раководител на истражувањето.
Студијата, исто така, покажа дека дрвјата во услови на високи температури и чести суши можат да испуштаат двојно повеќе јаглерод диоксид од дрвјата во поладни и влажни средини. Во моментов, растенијата апсорбираат околу 25 проценти од вкупното количество испуштен јаглерод диоксид и се клучен фактор за складирање јаглерод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.