Не се надевав дека мојот љубовен живот ќе и биде толку интересен на јавноста. Малку ме затекна се ова – рекла низ смеа Данијела Мартиновиќ(51) која е во врска со крим инспекторот Јосип Плавиќ.
Пејачката и полицаецот се запознале пред една година, кога Данијела пријавила кражба на идентитет на интернет, а Јосип успешно го решил случајот.
Јосип зад себе има еден брак во кој добил ќерка.
Данијела и Јосип се супер пар. Двајцата се големи позитивци, со отворен ум. Него го знам. Има десетина години како е разведен. Ниту еден грд збор нема кажано за поранешната сопруга, а горд е на ќерката која ја имаат. Двајцата си одговараат, иако на прва изгледаат како небо и земја. Таа ситна русокоса, пее поп, а тој силен, јак, прав рокер- вели нивен пријател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.