Жените сакаат да имаат силен и мажествен маж покрај себе, а овие физички карактеристики ги обожаваат кај спротивниот пол.

1. Широки и силни раменици

Жените сакаат да имаат силен и мажествен маж покрај себе, а широките и силни раменици се совршен доказ за тоа. Не е ни чудо што сите сакаат да личат на Шварценегер. Изгледа дека мажите откриле дека жените ова ги „пали“.. Големите раменици испраќаат потсвесни сигнали до женскиот мозок кои им кажуваат дека сте силен „маж“ кој има добри гени и кој ќе и обезбеди заштита и здраво потомство.

2. Стомачни

„Подобро топол бојлер отколку ладни плочки“. Иако мажите се тешат со оваа реченица, жените признаа дека дефинираниот и цврст машки стомак им е далеку попривлечен. Секако, не треба да претерувате и да направите „ренде“ од стомакот. Умереноста е клучот. Само најмал поглед на стомачните може да направи жена да се „лигави“ над вас.

3. Насмевка

Жените сакаат мажи со убава насмевка. Секако, се подразбира да ги имате сите заби во устата и да не мирисате на 3-годишен кромид. Мажот со насмевка често дава до знаење дека е духовит и друштвен, а тоа најчесто го бараат жените. Покрај силата, тие бараат интересен маж кој секогаш ќе ги насмее.

4. Лице

Иако често велат дека убавината доаѓа одвнатре, жените сепак посветуваат многу внимание на машкото лице. Сигурно илјада пати сте слушнале дека посакуваат човек како Бред Пит или Џони Деп. Тоа е затоа што сакаат маж со „убави“ карактеристики.

5. Усни

Жените сакаат големи, меки и полни машки усни. Велат дека нема ништо посензуално од машкиот бакнеж.

6. Задник

Еве една сличност што жените ја делат со мажите. Исто како нас, и жените сакаат одвреме-навреме да „ѕирнат“. Значи, не сме само ние, и сакаат да зјапаат во нас. Еве уште една причина да го зголемите тренингот на долниот дел од телото во теретана.

7. Силни раце

Како и со грбот, големите и силни раце се показател за силата на мажот. Како што веќе рековме, жените бараат способен и силен маж кој секогаш ќе ги штити. Се разбира, претпоставката оди дека оние со големи раце се посилни и поспособни, иако тоа не е секогаш случај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.