Фотографијата наречена „Животот од другата страна“ никого не остави рамнодушен. Од едната страна, уредно, добро облечено девојче безгрижно пие сок, несвесно дека од другата страна на прозорецот на еден ресторан во Ваљево ја гледа – таа. Фотографијата на ваљевскиот фотограф Ѓорѓе Ѓоковиќ од тој тажен, копнежлив поглед низ стаклото го обиколи светот, а и денес остава грутка во грлото.
Екипата на „Експлозив“ успеа да го пронајде девојчето. Нејзиното име е Зорица. Таа има пет години и целиот товар на нејзиниот грб кој се гледа на фотографијата е всушност реалноста на Зорица, која таа ја живее секој ден – во трошна куќа со баба ѝ и дедо ѝ кои се грижат за неа.
Струјата ни е исклучена од бандера, вода имавме до неодамна, ама ни ја исклучија оти беше приклучена „на диво“, раскажува дедото на Зорица, Вељко Маринковиќ кој открива дека нивното семејство сега вода позајмува од соседот.
Душица, пак, вели дека се грижи нејзината внука Зорица секогаш да биде чиста и средена.
Ѝ ја кратам косата, ја облекувам, и мијам, и сè, ама живееме само од мојата пензија, имам пензија од 20.000 динари (под 10.000 денари), вели бабата.
Од телевизиската екипа која дошла да ја посети, Зорица добила подароци, торта и забава со кловн, за барем еден ден да се чувствува како принцеза. Иако не зборува, девојчето цело време се насмевнува и ужива во подароците што ги добива, срамежливо зема едно по едно и само задоволно кимнува со главата.
Најголемиот подарок е една недела целосно платен одмор на планина за целото семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.