Дќевет лица загинаа, а осум се водат како исчезнати откако поплава во реката Јукскеи ги однесе верниците кои учествуваа на црковната церемонија во Јужна Африка.

Повеќе од 30 верници вчера стоеја на карпите во реката кога почна поројот, изјави очевидец, пренесува Би-би-си.

Спасувачките екипи денеска ја продолжија потрагата по исчезнатите. Полицијата и противпожарната служба, како и специјализирани тимови за спасување во вода, учествуваат во потрагата“, изјави Роберт Мулауџи, портпарол на Службата за вонредни ситуации на градот Јоханесбург.

Виктор Нкубе, кој учествуваше во црковната служба, изјави за локалната станица eNCA дека успеал да извлече пет лица од реката, која ги однела на 100 метри низводно.

Останатите ги однесе реката предалеку за да се обиде да ги спаси, рече тој.

Од 33 лица кои учествуваа во службата, 15 се уште се водат како исчезнати, соопштија официјални лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.