Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO) соопшти дека 90 средни училишта од Западен Балкан се избрани за учество во програмата за размена на „RYCO Superschools“ (РИКО суперучилишта).
Избраните училишта од регионот ќе спроведуваат регионални размени со повеќе од 1300 ученици, додека „RYCO“ ќе понуди различни можности за градење на капацитети за 90 наставници. Од овие 90 училишта: 16 доаѓаат од Албанија, 16 од Босна и Херцеговина, 5 од Црна Гора, 8 од Косово*, 15 од Македонија и 30 од Србија.
Во претходните два циклуса учествуваа ученици од 25 училишта во Македонија, стекнувајќи позитивни искуства и создавајќи нови пријателства.
Ива Глобочки од Скопје учествуваше на размената на Суперучилишта со училиште од Нови Сад, Србија и за неа ова беше незаборавно искуство.
Засекогаш сум благодарна што тргнав на ова патување и воспоставив длабоки врски со истомисленици од регионот на Западен Балкан, регион кој вреди да се доживее. Ви благодариме, „RYCO“, што ги зближивте младите, ја промовирате културата на сите присутни земји и ширите љубов, вели Глобочки.
Оваа година во размената ќе учествуваат следните училишта од Македонија: АСУЦ „Боро Петрушевски“ Скопје, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид, СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш, ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид, СМУГС „Др. Панче Караѓозов“ Скопје, СОУ „Методи Митевски – Брицо“, Училишен центар за едукација и рехабилитација „Партенија Зографски“ Скопје, „Аmerican High School“ Скопје, Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци, СОУ „ЈанеСандански“ Штип, СГГУГС „Здравко Цветковски“ Скопје, Државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ Куманово, Државно Музичко Училиште „Тодор Скаловски –Тетоец“ Струга, ОСЕУ „8. Септември“ Тетово.
На третиот отворен повик за Суперучилишта беа поднесени повеќе од 90 апликации за размена, создадени се 113 партнерства од кои 21 се долгорочни од првиот циклус, додека повеќе од 579 училишта од Западен Балкан ја искористија онлајн платформата www.superschools.net за вмрежување со други училишта. Комисијата за селекција имаше тешка задача да ги избере 45-те најдобри проекти кои имаат за цел да го поддржат процесот на градење мир и помирување во WB6 и меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници.
Имплементацијата на проектите ќе се случи во периодот ноември 2024 до април 2025 година. Секое партнерско училиште ќе организира една размена на посета на училиштата, кое ќе трае до седум дена со група до 17 ученици и двајца наставници. Освен две размени, секое училиште ќе организира локална активност за споделување на искуствата и придобивките од ваквите проекти, важноста на неформалното образование, младинскиот активизам и регионалната соработка.
Вкупно, 90 локални информативни активности, собирајќи повеќе од 1800 учесници, ќе се одржат низ целиот регион во наведениот период.
Преку програмата за размена, учениците и наставниците ќе имаат можност да патуваат, да се претстават себеси, своите училишта и обичаи пред домаќините и да научат нови работи за локалните заедници низ целиот регион.
Би сакале да ја изразиме нашата благодарност за сите апликации на Суперучилишта и за огромниот интерес да бидат дел од оваа единствена можност за регионална размена на училишта. Како што се развива нашиот свет, потребни се иновации и нови перспективи за да се прилагодат на светот околу нас кој постојано се менува. Затоа, тоа е приоритет на мисијата на Суперучилиштето да ги подготви младите луѓе од Западен Балкан со вештините потребни за нивниот глас да се слушне во нивните заедници, да зборуваат, да учествуваат и да го споделат својот значаен придонес. Возбудени сме да видиме што ќе презентираат и организираат младите умови од нашиот регион за време на нивните заеднички активности преку различните теми што ќе ги обработуваат оваа година, а некои од нив се: СТЕМ, спорт, животна средина, наука и технологија, медиумска писменост, одржлива мода, вештачка интелигенција и дигитални иновации, кулинарство, уметност и култура и многу други.
„RYCO Superschools“ е програма за училишна размена во WB6 со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници. Програмата е дел од проект со повеќе донатори, кофинансиран одЕвропската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), а имплементиран од „Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit“ (GIZ) заедно со „RYCO“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.