Единаесетгодишниот Амир Хасан го прашал принцот Вилијам за неговата финансиска состојба за време на неговата посета на проектот за млади Hideaway во Манчестер, Англија. Ова ненадејно прашање упатено кон Вилијам покажа дека тој не знае точно колку пари има во неговата кралска каса.

Тој му пришол на принцот и директно го прашал:

-Колку пари имате на сметката?“, пренесува британски Телеграф.

Идниот крал се насмеал пред да признае:

“Не знам”, одговорил Вилијам.

Според британските медиуми, се верува дека принцот Вилијам тежи околу една милијарда фунти, а The Sunday Times пишува дека откако го наследил имотот на неговиот татко, Војводството Корнвол, може да се пофали со богатство од повеќе од 20 милијарди фунти.

Децата присуствуваа на посетата на Вилијам и работеа на уметнички проект кој вклучувал шишање коса како од списанието. Го прашале и принцот дали сака да им се придружи.

-Јас сум буквално последната личност што треба да ја прашате. Косата ми исчезнува, се пошегува Вилијам со малите деца



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.