Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 февруари. Денеска се празнува Свети Мелетиј Антиохиски.

Свети Мелетиј живееше и делуваше во четвртиот век. Тоа е век на големи превирања, но и на големи сведоштва во Црквата. Еден од тие големи сведоци беше и овој Мелетиј. Како православен епископ беше испратен на заточение од аријанските цареви, но до крајот остана тврд во верата.

Голем духовник кој се грижеше за духовниот раст на такви светители, како Василиј Велики, Јован Златоуст, Симеон Столпник… Се упокои во текот на Вториот вселенски собор, во 381 година, како претседател на соборот. Моштите му беа пренесени од Цариград во Антиохија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.