Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела. Во црквите, овој ден отсекогаш бил одбележуван со света Литургија и панихида, на која свештеникот истура вино над житото, а по завршувањето на службата се посетуваат гробиштата.
Неделата пред Прочка се вика Месопосна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (запостува) со месо, месни производи и свинска маст. Овој период од седум дена од месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи, а некои ја викаат и Бела недела. Од сирни Поклади што се совпаѓа со Прочка започнува да не се јадат и млечни производи и започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Велигден.
Денеска е Преподобен Мартинијан
Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезареја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. За две години тој обиколил 164 места, а најпосле стигнал во Атина, каде што се упокоил во 422 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.