Деенска православната црква и нејзините верници слават празник посветен на Свети Јован Златоуст архиепиоскоп Константинополски, големиот светец и реформатор, кој е познат и како најпознат проповедник во историјата на црквата.

Тој е еден од Светите три архиереи кој го доби прекарот Златоуст заради неговите реторички способности.

Тој важи за еден од најучените светци, па се верува дека на овој ден вреди да се земе книга и да се прочита барем дел од неа. Во некои делови сè уште се верува дека на овој ден, жените не треба да земаат волна, конец или игли во рацете.

А во вторник, на 28 ноември, започнува Божиќниот пост, втор по должина во православниот календар. Ќе трае шест недели до 7 јануари, сè до празникот во чест на раѓањето на Исус Христос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.