2022 година носи неколку денови во кои ќе се случи магична комбинација на бројки.

Првата и една од најинтересните комбинации се случува на денешен ден, 2.02.2022 година. И уште еднаш ќе се повторат пет двојки по ред – во недела на 20 февруари, па дури и со шест двојки ќе се почестиме на 22 февруари 2022 година.

Во нумерологијата, бројот 2 е бројот на рамнотежа, тој е поврзан со хармонија, баланс и соработка. Тоа е симбол на приспособливост, внимание, верба и односи. Тој број претставува двојност, работа со другите и создавање хармонија помеѓу односите со нашиот внатрешен и надворешен свет. Во астрологијата овој број се поврзува со знакот Бик, а неговиот владетел е Јупитер. На Исток се смета за многу среќен број.

За многу луѓе, денот полн со двојки може да го разбуди креативниот дух, па ваквите денови се идеална можност за создавање.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.