Една од најпознатите жени во УФЦ организацијата, Американката Анџела Хил (38), е сигурна дека има живот и на другите планети. Покрај боречките вештини, таа објавува содржини и на познатата платформа за возрасни „OnlyFans“, каде што не покажува многу голотија, туку нејзиниот професионален живот, игра видеоигри и бара докази за неидентификувани летачки објекти – односно НЛО. Причина за тоа е приказната на нејзиниот дедо од 1961 година, кога бил киднапиран од вонземјани?!

Тоа отсекогаш бил особено интересен дел од мојата семејна историја. За нас тоа секогаш биле факти. Знаеме дека нешто се случило, дури и ако тоа не е вистина, откри Хил, па додаде:

Тоа е една од оние работи кои отсекогаш сум ги знаела и не мислев дека е чудно за тоа, додека не го спомнав на една пријателка.
Наводно, дедото на Анџела, Барни, и неговата втора сопруга Бети виделе необично летало додека се враќале од Нијагарините Водопади во нивниот дом во Хемпшир. Тврдат дека за време на тоа патување биле киднапирани од вонземјани, бидејќи три часа не се сеќавале на патувањето. За тој настан се напишани книги, се снимаа и документарни филмови, а меѓу луѓето кои „ловат“ НЛО има култен статус.

Барни почина седум години по „киднапирањето“, неговата втора сопруга Бети живееше до 2004 година, а денес нивното сеќавање го чува семејството, но и хорор филмот „Nope“ од 2022 година, кој публиката го оцени како катастрофален. Не е идентично со настаните раскажани во семејството Хил, пред се затоа што главните ликови се брат и сестра кои имале средба со вонземјани. Сепак, Анџела е горда на приказната на своето семејство.

Еден од најинтересните делови од приказната е дека вонземјаните киднапираа црнец, истакнува девојката, која има 23 борби со УФЦ, и додава:

Филмот „Nope“ повеќе или помалку е за мојот дедо. Колку повеќе работи како Nope гледаме, каде што црните ликови се вклучени во тие вонземски работи, повеќе луѓе ќе ја видат таа приказна и ќе помислат: „О, да, ова навистина се случило“.

Анџела на почетокот на кариерата се занимавала со кик-бокс, но по само неколку меча во кои победила се префрлила на ММА. По три години во оваа организација, таа го доби првиот договор со УФЦ и веќе шест години се натпреварува во најдобрата организација во светот. Сепак, не може да се каже дека има премногу успех во својата професионална ММА кариера, бидејќи забележа 15 победи и 13 порази, а заклучно со мај 2020 година има три победи и дури шест загубени натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.