75-годишен пензионер со иницијали Ј.К. заврши зад решетки, под сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство оти ја претепал својата 68-годишна сопруга на тераса во семејниот стан. Полицијата во Ваљево (Србија) го уапсила во текот на вчерашниот ден.

Соседот кој го снимил грозниот чин на камера, повикал полиција. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како дедото ја удира сопругата која лежи на земја на терасата беспомошно.

Осомничениот маж е уапсен, а жената е испратена во Ургентниот центар на болницата во Ваљево за да се утврди степенот на повредите кои ги добила од сопругот. Јавноста е згрозена од оваа снимка и чинот на 75-годишниот маж.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.