Данската кралица Маргарет Втора, која во понеделникот присуствуваше на погребот на британската кралица Елизабета Втора во Лондон, е позитивна на коронавирус, соопшти кралската палата.
Во соопштението за печат се наведува дека 82-годишната кралица примила три дози вакцина, вклучително и бустер, и прележала Ковид-19 во февруари. Таа синоќа дознала дека повторно е позитивна.
Кралската палата соопшти дека сите активности на кралицата оваа недела се откажани без да соопшти детали за нејзиното здравје.
Данската кралица Маргарета Втора, која е на престолот од 14 јануари 1972 година, по смртта на Елизабета Втора е единствена кралица во Европа и најдолговечниот монарх на Стариот континент, а во светот само султанот од Брунеи е на престол подолго од неа со четири години подолго владеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.