Речиси илјада луѓе се собраа на улиците и плажите на Куопио, во централна Финска, за да му позираат голи на американскиот фотограф Спенсер Туник.

Денес, земјата на илјада езера стана земја на илјада „голи луѓе“, изјави Туник, познат по своите видеа и фотографии со маси голи луѓе.

Учесниците прво позираа на улица, со цветни инсталации, а потоа на плажа и во вода.

Сакав да го доведам телото во хармонија со Куопио и езерата во северна Финска“, објасни уметникот, изразувајќи ја својата длабока благодарност до волонтерите кои се подготвени да се соблечат среде ноќ.

голи 1.jpg

фото: Ројтерс

Тоа е нешто многу ретко, да и се даде можност на публиката да учествува во креативниот процес“, вели фотографот.

Во ноември, околу 2.500 голи луѓе се собраа на позната плажа во Сиднеј, Австралија, како дел од инсталацијата на истиот уметник, со цел да се подигне свеста за ракот на кожата.

голи 3.jpg

Настанот наречен „Соголување на ракот на кожата“ беше организиран во соработка со здружение кое ги поттикнува Австралијците да прават редовни дерматолошки прегледи.

Овој фотограф фотографирал повеќе од 5.000 луѓе пред операта во Сиднеј во 2010 година и 18.000 луѓе – неговиот рекорд – на Зокало, централниот плоштад на Сиудад де Мексико во 2007 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.