Четворица мажи беа обвинети во понеделникот за кражба на златна тоалетна школка пред четири години, дело на италијански уметник која била изложена на импозантното светско наследство на УНЕСКО во замокот Бленхајм на југот на Англија.
Наречен „Америка“, тоалетот од 18 каратно злато има школка, даска и казанче и е проценет на 4,8 милиони фунти (5,5 милиони евра).
Тоалетната школка беше најважниот експонат на изложбата посветена во 2019 година на италијанскиот уметник Мауртицио Кателан одржана во барокниот замок од 18 век во Оксфордшир, каде што е роден Винстон Черчил.
Државното правобранителство во понеделник го објави обвинението и соопшти дека четворицата ќе бидат изведени пред суд на 28 ноември.
Ден по кражбата, полицијата објасни дека крадците ноќта меѓу 13 и 14 септември влегле во палатата и заминале рано наутро носејќи го скапоцениот тоалет, при што при кражбата направиле голема штета и поплавување.
Тоалетот „Америка“ за прв пат беше изложен во музејот Гугенхајм во Њујорк во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.